Џон Траволта и Кели Престон го расплакаа светот со емотивната објава за починатиот син

Точка

06/04/2019

14:43

13.808

Големина на фонт

а а а

Поминаа десет години откако Џон Траволта и Кели Престон, за жал ја искусија најголемата ноќна мора на секој родител. Тогаш нивниот син Џет неочекувано почина на возраст од само 16 години.

Џет се борел со аутизмот, астмата и синдромот Кавасаки, ретка болест која се одликува со воспаление на ѕидовите на артериите, а починал во јануари 2009 година, за време на нивниот одмор на Бахамите. 


Имено, тинејџерот удрил со главата во када откако претрпел напад во семејната куќа. Како што признал славниот актер во неодамнешниот разговор за “USA Today”, тој и сопругата мислеле дека нема да успеат да ја преживеат таа трагедија.

Да беше жив, Џеф наскоро ќе го прославеше својот 27-ми роденден, а во таа прилика неговата мајка одлучила да му оддаде почит нему, но и на сите други деца кои имаат аутизам.

“За мојата слатка љубов, Џет ... Ти си засекогаш во нашите срца”, напишала Престон под црно-белата фотографија на која таа и нејзиниот сопруг нежно го бакнуваат синот.

Но, освен претстојниот роденден на Џет, на ваков потег ја поттикнал и фактот дека април е посветен токму на подигнување на свеста за аутизмот.

“Им испраќам љубов на прекрасните аутистични деца и прекрасните луѓе кои ги сакаат. Да им пружиме љубов и почит на децата со посебни потреби”, напишала Кели и расплакала бројни обожаватели.

Иако во текот на неговиот живот, познатиот пар се обидуваше да го држи во тајност фактот за пореметувањето со кое се бори нивниот син, тие сега настојуваат да ја подигнат јавната свест за сѐ што доаѓа со аутизмот, но и за другите медицински проблеми со кои се соочувал Џет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг