Пендаровски од Делчево: Мојот концепт е за иднина, концептот на опозицијата ќе нѐ врати во времето на Груевски

Макфакс

06/04/2019

11:39

1.050

Големина на фонт

а а а

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на трибина со жителите на Делчево разговараше за перспективите за младите што ги отвора напредокот, за можностите за вработување, за европските интеграции и што ќе значат тие за Делчево.

Пендаровски посочи дека ова не се обични избори, бидејќи се работи за избор дали започнатиот напредок кон НАТО и ЕУ ќе продолжи или ќе запре.

„На овие избори бираме меѓу два концепти, едниот којшто го застапувам и јас, за напредок, иднина, членство во најсилните сојузи, ЕУ НАТО, и вториот кој го застапува опозицијата и кој ќе не врати во времето на Груевски.

„Важно е да продолжи овој концепт кој дава резултати. Се сеќавате и во 2014 кога ни ја украдоа победата, сега е време да си ја потврдиме на слободни и фер избори. И сега нашиот број е 3. Ќе победиме затоа што заедничкиот избор на мнозинството граѓани е напредокот. Само ако продолжиме напред можеме отворените перспективи за младите да ги зграпчиме со две раце. Само ако продолжиме кон НАТО и ЕУ можеме да им гарантираме идината“, рече Пендаровски.

Испуштивме, рече Пендаровски во Делчево, многу години расправајќи за историјата, а не создававме услови за живот и просперитет особено за младите.Кога дојде оваа Влада затекна празен трезор, немаше пари за пензии и плати, а сега финансиите се стабилизирани.

Пред неколку дена, рече, сите ние бевме сведоци на историскиот исчекор во пријателските односи со соседна Грција. Не посетија повеќе од 80 бизнисмени и министри кои се заинтересирани да вложат во нашата држава. Ние мора да ја искористиме оваа шанса.

„Интеграцијата во НАТО и Европската Унија значи повеќе инвестиции, отворање нови работни места, можности за основање на сопствени бизниси, сигурност за нашите деца. Нашата држава мора да оди напред, мора да изгради нова и просперитетна иднина со силна економија. Да не се враќаме во минатото туку да остваруваме нови успеси. Одиме заедно напред“, рече Стево Пендаровски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг