Силјановска: Оваа Влада направи локалната власт да биде фамилијарна

Макфакс

05/04/2019

20:57

1.181

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Демир Хисар. Како што рече таа, власта на СДСМ ги манипулирала граѓаните со референдумското прашање од 30 септември бидејќи прашањето не било соодветно поставено.

„Оваа власт ги злоупотреби Европската Унија и НАТО во референдумското прашање за да има алиби наместо отворено да праша дали сте за преспанскиот договор или не или да праша дали сте за промена на името или не, таа тргна со прашањето дали сте за членство во Европската Унија и НАТО со склучување на преспанскиот договор. Знаеја дека повеќето од граѓаните се за членство во Европската Унија и НАТО, но што заборави, заборави дека кога ќе гласаме за влез во ЕУ, а со нив не верувам дека ќе дојде тој ден бргу, ќе треба да распишеме задолжителен референдум. Заборавија дека за НАТО не е потребен референдум ако го третираме како меѓународна организација, туку е доволно Собранието да донесе одлука“, истакна Силјановска-Давкова пред собраните граѓани. 


Таа истакна дека најголемо загрозување за суверенитетот на една држава се корупцијата и криминалот потенцирајќи дека власта не само на централно туку и на локално ниво врши непотизам. 


„По еден невиден раст на непотизам, читам и слушам дека локалната власт е фамилијарна власт. Каде што има фамилијарна власт, има односи на потчинетост, ние тоа во науката го викаме клиентелизам – или јас вас ќе ве вработам, а вие мене нешто ќе ми дадете, или јас вам нешто ќе ви понудам, а вие мене ќе ми должите“, рече Силјановска-Давкова и додаде дека корупцијата и криминалот се најсилни таму каде што има клиентелизам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг