Пендаровски: Преговорите со ЕУ ќе донесат 900 милиони евра годишно наменети за развој

Макфакс

05/04/2019

18:54

587

Големина на фонт

а а а

Kандидатoт за престедател, Стево Пендаровски, беше во посета на општина Чешиново-Облешево, каде што со граѓаните разговараше на повеќе актуелни теми.

Како што информираат од неговиот штаб, пред пристуните Пендаровски повикал да се искористи позитвиниот момент и да продолжи интеграцијата кон ЕУ и НАТО затоа што тоа значи подобра иднина за сите.

„Со почнувањето на преговорите со ЕУ пред нашата држава се отвора можност да користиме речиси 900 милиони евра годишно за развој од фондовите на ЕУ. Од нив голем дел е наменет за земјоделството, гранка што е особено важна за овој дел од државата. Затоа, да го искористиме моментот, да продолжиме напред кон интеграција во ЕУ и НАТО, да продолжиме кон развој и напредок. За да имаме подобар живот, за младите да останат тука“, истакнал Пендаровски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг