Владимир Чех во средата шетал низ Белград и снимил тинејџерка која прегрнала една баба која проси. Фотографиите ги споделил на својот Фејсбук профил.
"Старицата речиси секој ден проси во близина на Српската академија за наука и уметност", рекол Владимир за Blic.rs.
"Девојката клекна пред бабата која проси и разговараа некое време и после тоа се гушнаа. Срцето ми се скрши. Не сакав да им пречам само ги фотографирав", рекол Владимир. Додава дека не знае за што разговарале, но нагласува дека овие гестови ја враќаат верата во луѓето.
Според проценките, во Белград живеат повеќе од 2.000 бездомници, а капацитетите за сместување се многу мали, па цели денови мора да ги поминуваат на улица.