Заев и Пендаровски во Велес: Економскиот развој ќе се забрза со интеграциите

Макфакс

05/04/2019

10:49

994

Големина на фонт

а а а

Ги решивме големите прашања, затоа има инвестиции, затоа работите и во економијата тргнаа на добро, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вечерашната трибина со граѓаните на Велес, во рамки на изборната кампања на претседателскит кандидат Стево Пендаровски, со порака дека овој тренд мора да придолжи за добра иднина на сите.

- Има 624 милиони евра странски инвестиции од 1991. година е тоа нов рекорд, индустриското производство порасна за околу 8 проценти, БДП-то порасна од минус 1.8 на 3.7 проценти, порасна просечната плата од околу 22.000 на околу 25.000. А сеуште не сме целосно членка на НАТО и треба да отпочнеме преговори со ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој повика на посветеноат и одговорност, граѓаните кои се обединија околу претседателскиот кандидат Пендаровски, од сите етнички заедници и од партии од левицата, десницата, центарот, да излезат масовно на гласање на изборите за претседател за државата.

- Само заедно и напред може да се движи државата, а напред одиме со Стево Пендаровски, кој ги поддржува обединувачките и интеграциски политики, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината во Велес.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски објасни дека поддршката за ваквите политики е и за младите луѓе да останат во државата.

- Изминативе две години се донесени крупни и тешки одлуки со коишто се отворени интеграциските процеси кон модерниот демократски свет со шанси за младите луѓе тука да ја гледаат својата иднина, да живеат, да работат, да основаат семејство. Да направиме амбиент тука да се вработите и да просперирате, порача кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, на вечерашната трибина во Велес.

Тој додаде дека искуството покажува дека земјите кои станале членки на ЕУ имаат далеку помала стапка на иселување од останатите.

- Европските интеграции и отпочнатиот процес за членство во НАТО водат кон поголем економски развој, порача претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, меѓу другото, во Велес, во рамки на изборната кампања за избор на претседател на државата, повикувајки ги граѓаните да ја поддржат опцијата Заедно Напред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг