Бошкоски се пожали дека „алфите” биле груби, го пцуеле и му се заканувале, сведочеше советник од омбудсманот

Макфакс

02/04/2019

14:45

1.680

Големина на фонт

а а а

Кирил Ефремовски, советник во Канцеларијата на народниот правобранител, на денешното сведочење за предметот „Тортура” рече дека при неговиот разговор со Бошкоски, тогашниот притвореник се пожалил на однесувањето на полицајците коишто го апселе и на определувањето притвор.

„Рече дека полицајците ги пречекориле овластувањата, се однесувале грубо, со пцости и закани”, рече Ефремовски пред судот.

Бошкоски не се пожалил на третманот во затворот, туку само на апсењето и на одлуката на судот. Денеска сведочеа тројца сведоци, меѓу кои, затворскиот психијатар и општ лекар.

На следното рочиште за 10 мај меѓу поканетите петмина сведоци треба да сведочи и ексдиректорот на Бирото за јавни набавки, Митко Чавков, за кого судијката Александра Ристеска ќе побара согласност да биде донесен од притвор во судот за да сведочи.

Во предметот „Тортура”, обвинети се 6 полициски „алфи” и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за нечовечко постапување при апсењето на Љубе Бошкоски, лидерот на „Обединети за Македонија”.