Врз Израел истрелани пет ракети, армијата возврати

Макфакс

31/03/2019

11:54

1.334

Големина на фонт

а а а

Еден ден по масовните палестински протести долж границата на Појасот Газа, екстремисти утрово истрелале пет ракети врз Израел. Информацијата ја соопшти израелската армија, која возвратила на ударот.

„Тенковите гранатираа пунктови на Хамас како одговор на проектилите“, се наведува во соопштението на израелската армија.

При нападот нема повредени лица, а засега ниту една палестинска организација не презеде одговорност.

На вчерашните протести на границата помеѓу Појасот Газа и Израел загинаа четворица Палестинци, од кои тројца тинејџери, а десетици се повредени од огнено оружје. Израелската армија демантираше дека употребила боева муниција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг