Сува трева и шума изгореа во пожарите на неколку локации

Макфакс

30/03/2019

11:57

990

Големина на фонт

а а а

Сува трева и шума изгореа во пожарите кои вчера беа активни на неколку локации во земјава.

Како што информира полицијата, вчера во Полициската станица Ресен било пријавено дека во атар на село Покрвеник, Ресенско, настанал пожар во кој била опожарена сува трева. Околу 18.30 часот пожарот се проширил кон националниот парк „Галичица“. Екипи на Територијалната противпожарна единица Ресен преземаат мерки за гасење на пожарот. За пожарот е известен Центарот за управување со кризи.

Во СВР Скопје било пријавено дека покрај патот кој води кон село Раовиќ, Скопско, избувнал пожар при што горела сува трева и нискостеблеста шума на околу 1 000 метри квадратни. Во 11.20 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Во Полициската станица за граничен надзор Рогачево било пријавено дека покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, во близина село Старо Село, настанал пожар во кој горела нискостеблеста шума и други видови шумска маса, со тенденција да се прошири во повеќе правци поради силен ветер. За пожарот биле известени Територијалната противпожарна единица Тетово и Центарот за управување со кризи. Се преземаат мерки за гасење на пожарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг