Човекот на Трамп го повикал министерот на Венецуела да го предаде Мадуро: Дошол жесток одговор

Точка

30/03/2019

11:12

3.317

Големина на фонт

а а а

Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино Лопез, тврди дека советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, му праќа пораки, во кои бара од него да "ја направи вистинската работа".

"Господине Болтон, ќе ви кажам дека ја правиме вистинската работа. Да се прави вистинската работа е да се прави тоа што го пишува во уставот...Да се прави вистинската работа е да се почитува волјата на народот", рекол Падрино обраќајќи се на телевизија. 

"Reuters", меѓутоа, нагласува дека засега не е јасно дали Падрино мислел на неодамна објавените пораки на Болтон преку "Twiter", во кои директно го споменал Падрино.

Во Венецуела на 21-ви јануари почнале протести против актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро. Претседателот на Парламентот на Венецуела, Хуан Гуаидо, на 23-ти јануари се прогласил за привремен шеф на државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг