Трамп ја спушти топката: Можеби ќе разговарам со Си Џинпинг и Путин за Венецуела

Точка

30/03/2019

10:30

2.362

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека околу кризата во Венецуела веројатно ќе разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг, како и со првиот човек на Русија, Владимир Путин.

„Ние веројатно ќе разговараме во некој момент. Ќе разговарам со многу луѓе, можеби со кинескиот претседател Џинпинг, можеби и со рускиот претседател Владимир Путин“, изјави Доналд Трамп.

Американскиот претседател се огласи откако од Белата куќа испратија предупредување до Русија и другите земји кои го поддржуваат венецуеланскиот претседател Николас Мадуро, да не испраќаат војници и воена опрема во Венецуела.


Кремљ деновиве го одби барањето на претседателот на САД за Русија да ги повлече војниците од Венецуела, со објаснување дека руските акции се легални и во рамките на договорот кој Русија го има со легитимната влада на јужноамериканската држава.

Трамп покрај тоа што ги повика Русите итно да се повлечат од Венецуела, тој нагласи дека во остварувањето на таа цел, сите опции се отворени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг