Венецуелската влада му забрани на Гваидо да извршува јавни функции во следните 15 години

Макфакс

28/03/2019

20:54

1.562

Големина на фонт

а а а

Владата во Венецуела му забрани на лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, да извршува јавна функција во следните 15 години.

Шефот на државната ревизорска управа во Венецуела соопшти дека на претседателот на националното собрание на Венецуела, Хуан Гваидо, кој голем број држави го признаа за привремен претседател, му е воведена забрана за извршување на која било државна функција во период од 15 години, јави АП.

Како причина за одлуката, владата на претседателот Николас Мадуро наведе наводни неправилности во финансискиот извештај на Гваидо, а тој самиот порача дека Мадуро ќе мора повеќе да се потруди за да ја сопре борбата на неговото опозициско движење, која е поддржана од САД.

Во Венецуела од 21 јануари почнаа масовни протести против венецуелскиот претседател, Николас Мадуро. Опозицискиот лидер, Хуан Гваидо, се прогласи за привремен шеф на државата, а него го признаа САД и голем број западни земји.

Русија и Кина го поддржуваат Мадуро како легитимно избран претседател во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг