Џонсон: Договорот на премиерката е мртов

Макфакс

28/03/2019

14:57

1.534

Големина на фонт

а а а

Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, кој ја водеше кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ, рече дека договорот на премиерката Тереза Меј е мртов, според британските медиуми.

Џонсон, по изјавата на премиерката дека доколку парламентот го поддржи нејзиниот предлог, ќе поднесе оставка, го поддржа договорот, но исто така истакна дека договорот е мртов во секој случај, објави „Ројтерс“.

Британската премиерка пред два дена рече дека нема доволно поддршка за трет пат да го изнесе својот предлог за брегзитот пред британскиот Парламент и дека ќе продолжи со разговорите со пратениците за да ја добие нивната поддршка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг