Кремљ: Русија е во Венецуела во согласност со легитимната влада

Макфакс

28/03/2019

11:40

1.359

Големина на фонт

а а а

Кремљ денес го отфрли барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија да се повлече од Венецуела, објаснувајќи дека нејзините дејства се легални и во согласност со договорот со легитимната влада на таа земја.

Трамп вчера ја повика Русија да се повлече од Венецуела и истакна дека, за да се постигне оваа цел, „сите опции се отворени”, објави Ројтерс.

Шефот на Комитетот за надворешни работи на горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, Константин Косачов вчера изјави дека најдобриот начин на кој САД ќе ѝ покажат на Русија како да „замине” од Венецуела е да го сторат тоа со личен пример и сами да се повлечат од земјата.

Тој, исто така, оцени дека Трамп се обидува дрско да се меша во односите на двете суверени држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг