И синоќа бомбардирања меѓу Израел и Газа

Макфакс

27/03/2019

11:55

964

Големина на фонт

а а а

Нов напад од Газа кон израелската територија е извршен синоќа, а Израел одговори во текот на ноќта, со што е нарушено примирјето, кое владееше во текот на вчерашниот ден.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вчера по враќањето од Вашингтон предупреди дека е подготвен на нова акција во Газа, по израелските напади, кои беа одмазда на палестинското испалување ракети, кога во Тел Авив беа ранети сеум луѓе.

Судирот почна во понеделникот рано утрото со лансирање проектили од Појасот Газа, кој го контролира Хамас на израелска територија. Ракетите погодиле куќи во близина на Тел Авив и повредиле седум луѓе.

Израел одговори во понеделникот вечерта со воздушни напади со хеликоптери и тенкови на повеќе дестици цели во Појасот Газа.

Палестинците синоќа лансираа повеќе десетици ракети и минофрлачки гранати на израелска територија од границата со Појасот Газа. Во нападот немало жртви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг