Израел одговори, започнаа да ја гранатираат цела Газа

Точка

25/03/2019

19:12

4.345

Големина на фонт

а а а

Израелската војска објави дека започна со нападот на Хамас ширум Појасот Газа, како одговор на ракетниот напад со кој е погодена куќа во централниот дел на Израел во текот на овој ден.

Ракетата утринава уништи една куќа и рани седум луѓе. Докторите рекле дека помеѓу повредените во населбата Мисхемерет имало три деца, бебе, 3 годишно дете и 12 годишно девојче. 

Палестинците слушнале две гласни експлозии во северниот дел на Газа и рекле дека два израелски дронови летаат над градот Газа.

Болниците во Појасот Газа прогласиле вонредна состојба.


Претставниците во Газа рекле дека израелските авиони погодиле два воени објекти во Хамас и комплекс за обука во градот Газа.

Засега нема вести за ранети, бидејќи комплексите и објектите биле испразнети.

Нападот се случил две недели пред изборите во Израел. Иако палестинските милитанти често ракетираат на подрачјето околу појасот Газа, ретко е ракетите да погодат толку оддалечени подрачја.


Ракетите на 14 март испукани кон Тел Авив во првиот таков палестински напад после војната помеѓу Израел и Газа во 2014 година. Израел возвратил со воздушни напади на околу 100 цели во Појасот Газа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг