Де Бур проговори за неуспехот во Интер: Се соочив со скапана група на играчи…

Дерби

24/03/2019

15:02

1.558

Големина на фонт

а а а

Холандската легенда, Франк Де Бур одлична ја започна својата тренерска кариера и мина шест одлични години на кормилото на Ајакс, но по заминување од Амстердам тој се мачи и имаше две лоши епизоди во Интер и Кристал Палас каде што се задржа само неколку месеци.

Тој смета дека тие лоши искуства нема да ги заборави затоа што му помогнале да сфати некои работи, поточно да се погледне во огледало.

-Направив добри работи во Интер и Кристал Палас, ама исто така требаше да се погледнам и да признаам дека некои рбаоти требаше подобро да ги направам. Научив од тоа искуство, -истакна Де Бур кој потоа поконретно проговори за престојот во Интер каде доби отказ по само 14 натпревари.

-Преземав многу во Интер. Сакав да ја сменам целата структура и култура затоа што тој клуб долго нема ништо освоено. Се соочив со скапана група, ама не ми беше дозволено да исфрлам одредени играчи. Можеби требаше повеќе да се наметнам, бидејќи ако сакате да направите промени, мора веднаш да направите многу работи. Можеби се обидов да бидам пријател со сите и тоа едноставно не беше возможно, -рече сегашниот менаџер на МЛС составот Атланта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг