Вардар го прегази Загреб и направи значаен исчекор кон четвртфиналето во ЛШ!

Дерби

24/03/2019

09:38

1.295

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Вардар му одржаа вистинска лекција на ППД Загреб во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите, односно со победата од 27-18 се на добар пат да обезбедат четвртфинале во ова натпреварување.

Иако ова од страна на ЕХФ беше прогласен за меч на неделата, „црвено-црните“ доминираа во хрватската престолнина низ сите 60 минути со што покажаа дека во моментов се на едно ниво повисоко од Загреб. Четата на Парондо водеше од почетокот до крајот, се започна со 3-0, на полувремето беше 14-6, потоа во вториот дел Вардар во одреден момент имаше и плус 11 (26-15) за да се заврши со позитива од девет пред реваншот во СЦ „Јане Сандански“. Ова за македонскиот шампион беше петта победа во европските пресметки со Загреб во 11 натпревар, односно се израмни со најдобриот хрватски состав.

Фантастична партија имаше голманот Милосављев со 14 одбрани, Криштопанс и Карачиќ дадоа по 5 погодоци.

Реваншот се игра на 30 март во „Јане Сандански“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг