Стотици илјади Британци на протест во Лондон, бараат втор референдум за брегзит

Макфакс

23/03/2019

12:45

1.403

Големина на фонт

а а а

Неколку стотици илјади Британци од цела Велика Британија, денеска на улиците на Лондон бараат нов референдум за брегзит.

Се очекува да се соберат повеќе од еден милион луѓе, со барање за втор референдум за излез на Британија од ЕУ, откако беше повлечен сличен собир, според проценките ид околу 700.000 луѓе.

Организаторите на протестот, на пладне ќе чекорат од улицата Парк Лејн до Плоштадот на парламентот, а потоа ќе се соберат пред парламентот. Се очекува дека во толпата ќе биде и градоначалникот Садик Кан од опозициската Лабуристичка партија и лидерката на Шкотската национална партија Никол Старџен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг