“Поради таа улога морав да побарам професионална помош”

Точка

22/03/2019

19:48

3.779

Големина на фонт

а а а

Смртта на Џон Сноу во “Game of Thrones” фановите тешко ја поднесоа, но подоцна следуваше радост кога ликот беше “вратен од мртвите”.

Меѓутоа, тие моменти биле тешки и за самиот актер, Кит Харингтон, кој го толкува овој лик. Тој, како што изјавил и самиот, морал да побара професионална помош. Кит неодамна зборувал за тоа во интервју за “Variety”. Тој вели дека станува збор за анксиозност која ја добил откако Џон Сноу беше убиен, а потоа и оживеан во серијата. 

“Мојот најмрачен период беше кога серијата започна да се врти околу Џон, кога тој умре и повторно се врати”, изјавил Харингтон.


“Кога станувате главен во ТВ серијата, која тогаш е на самиот врв, а фокусот е на вас, тоа е е*ено застрашувачки”, истакнал актерот и додал дека морал да се чувствува како најсреќната личност на светот иако во реалноста се чувствувал многу ранливо.

Ваквите емоции го поттикнале да побара професионална помош.

“Тоа беше период кога започнав да одам на терапија и да разговарам со луѓе. Се чувствував многу несигурно и не разговарав со никого. Требаше да се чувствувам благодарно поради сѐ што имав, но се чувствував многу загрижено околу тоа дали воопшто можам е*ено да глумам”, се доверил Кит.


Актерот од популарната серија открил и дека до третата сезона ги читал коментарите од гледачите и дека постојано му се врежувала фразата “здодевниот Џон Сноу” во главата. Тоа навистина го повредувало, но потоа решил да престане со читањето.

“Некои од тие зборови ми остануваа заглавени во грлото – како е тој помалку забавен, помалку воочлив”, заклучил Харингтон.

Првата епизода од последната, осма сезона на “Game of Thrones” пристигнува премиерно на HBO на 14-ти април оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг