Во ДИК денеска ждрепка за редоследот на гласачкото ливче

Макфакс

22/03/2019

09:05

1.263

Големина на фонт

а а а

Во текот на денешниот ден ќе се утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори што ќе се одржат на 21 април.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски потврди дека до комисијата стигнале три кандидатури и сите биле доставени од група избирачи со мининум 10 илјади потписи. Деркоски апелираше кандидатите да се се воздржат од јавни настапи и изјави до 1 април зашто сето тоа ќе значи кампања.

Вчера во ДИК беа доставени потписите за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и коалициите, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, а претходно беше поднесена и кандидатурата за Блерим Река кој доби поддршка од Беса и од Алијанса за Албанците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг