Доставени кандидатурите на Силјановска и Пендаровски, ветуваат европска кампања

Макфакс

21/03/2019

14:43

960

Големина на фонт

а а а

Со потписи од 32 илјади граѓани, СДСМ ја достави кандидатурата на Стево Пендаровски во Државната изборна комисија. Шефот на изборниот штаб, Александар Кирацовски најави мирна и достоинствена кампања, која како што рече ќе го отсликува демократското општество.

„Стево е избор на претседател на сите граѓани за безбедна и стабилна држава, на граѓаните им треба претседател кој обединува“, рече Кирацовски.

Половина час по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова до ДИК. Од партијата најавија европска кампања и дека ќе одат од врата до врата кај сите граѓани. На прашањето дали кандидатурата е поднесена за претседател на Северна Македоннија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски рече дека е факт дека името на државата е променето.

„Ние колку и да се противиме, факт е дека оваа власт го промени името на државата и на институциите. Ние ќе се бориме да вратиме се што е македонско“, порача Мисајловски.

Пред два дена и Блерим Река ја достави својата кандидатура за претседател. До вечер истекува рокот за доставување кандидатури до ДИК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг