Меркел поддржува кусо одложување на брегзит

Макфакс

21/03/2019

13:15

1.282

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изрази подготвеност за поддршка на кусо одложување на британското излегување од ЕУ, нагласувајќи дека 30 јуни, датумот што го побара британската премиерка Тереза Меј, е проблематичен.

Меј побара од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, да се одложи брегзитот од 29 март до крајот на јуни и рече дека се подготвува за трето гласање во британскиот парламент за договорот за излез што го постигна со Брисел.

Меркел во говорот во долниот дом од германскиот парламент, во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ, изрази загриженост која ја дели со ЕК, дека одложувањето кое го бара Меј значи дека Британија и натаму ќе биде членка на ЕУ за време на изборите за нов состав на Европскиот парламент во мај.

„Што се однесува на датумот 30 јуни, мораме да земеме предвид дека во мај има европски избори. Тоа значи дека мора да се почитува иднината и легалноста на европските избори. Но сигурно можеме позитивно да разговараме за кратко одложување“, порачала Меркел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг