Шешељ: Пресудата за Караџиќ е скандалозна

Макфакс

20/03/2019

17:13

1.344

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, изјави дека денешната правосилна пресуда за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, со која е осуден на доживотен затвор, е скандалозна и непрофесионална.

„Пресудата е скандалозна и го одржува континуитетот најлошите традиции на Трибуналот“, рекол Шешељ за руската агенција „Тасс“.

Додал дека пресудата е заснована на лажни сведочења и наметнати факти и дека очигледно ја донеле некомпетентни луѓе без морал.

Меѓународниот суд во Хаг денеска правосилно го осуди Караџиќ на доживотен затвор за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Босна и Херцеговина.

Со првостепената пресуда во 2016 година тој беше осуден на 40 години затвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг