Браун со свое мислење околу променетите правила

КРУГ.МК

20/03/2019

17:31

601

Големина на фонт

а а а

Директорот за моторспорт при Формула 1, Рос Браун, го даде своето мислење за променетите правила за 2019 година по првата трка од новата сезона и иако тој смета дека е прерано да се тврди дека истите функционираат, охрабрен е од активностите на патеката.

Формула 1 воведе неколку аеродинамични промени за годинава со надеж дека ќе овозможи болидите полесно да се следат еден со друг и да се зголемат шансите за претекнување.

Возачите се согласија дека сега се во можност да се движат поблиску до болидот пред нив, но се запрашуваат дали самото претекнување е полесно. Трката всушност забележала зголемување од 133 проценти во претекнувањата според Браун.

„СПОРЕД БРОЈОТ НА ПРЕТЕКНУВАЊА ВО ТРКАТА, 14 ГОДИНАВА (6 БЕЗ ДРС), СПОРЕДЕНО СО 3 ВО 2018 ГОДИНА, ПРВИЧНИТЕ ЗНАЦИ СЕ ОХРАБРУВАЧКИ, ОСОБЕНО БИДЕЈЌИ НАСТРАНА ОД ПРЕТЕКНУВАЊАТА, ВИДОВМЕ НЕКОЛКУ ВОЗБУДЛИВИ БИТКИ.

ЈАСНО ДЕКА СИТЕ ТИЕ НЕ БЕА ПОРАДИ НОВАТА АЕРОДИНАМИКА, БИДЕЈЌИ ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ТИМОВИТЕ ВО СРЕДИНАТА СЕГА Е ДРАСТИЧНО ИЗЕДНАЧЕНА. СЕПАК, НЕКОЛКУ ВОЗАЧИ РЕКОА ДЕКА БОЛИДИТЕ СЕ ПОНЕУТРАЛНИ КОГА СЕ СЛЕДАТ СПОРЕДЕНО СО ПРЕТХОДНИТЕ ГОДИНИ.

ТУКА, ВО АВСТРАЛИЈА, ПАТЕКАТА НЕ ГО НУДИ НАЈТОЧНИОТ ТЕСТ, ТАКА ШТО БИ САКАЛ ДА ПОЧЕКАМ НА СЛЕДНИТЕ 3 ТРКИ ПРЕД ДА ДОНЕСАМ ЗАКЛУЧОК. СЕПАК, ПРВИТЕ ЗНАЦИ СЕ ОХРАБРУВАЧКИ.

ВРАЌАЊЕТО НА ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ПОЕН ЗА ВОЗАЧОТ КОЈ ЌЕ ГО ПОСТАВИ НАЈБРЗИОТ КРУГ ВО ТРКАТА ЈА ЗАЖИВЕА ТРКАТА ВО ЗАВРШНИЦАТА, БИДЕЈЌИ ВЕРСТАПЕН СЕ ОБИДЕ ДА ГО ОСВОИ ПРЕД БОТАС, КОЈ ИСТО ТАКА ЦЕЛЕШЕ КОН ТОА.

ВО ТРКА ВО КОЈА ПОЗИЦИИТЕ НА ПОДИУМОТ ИЗГЛЕДАА ДЕКА СЕ РЕШЕНИ ВО РАНИТЕ ДЕЛОВИ НА ТРКАТА, БОРБАТА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ПОЕН, ЗНАЕЈЌИ ДЕКА МОЖЕ ДА БИДЕ ЗНАЧАЕН ВО ЗАВРШНИЦАТА ОД СЕЗОНАТА, ДЕФИНИТИВНО ГО ЗАЖИВЕА ФИНИШОТ.

ТОКМУ ТОА ГО САКАВМЕ СО ФИА КОГА ЈА ДОБИВМЕ ИДЕЈАТА“, ВЕЛИ БРАУН.



Спонзорирани линкови

Маркетинг