Не е терорист, туку психопат? Напаѓачот од Холандија имал дебело досие, ниска интелигенција и полудел од хероин?

Точка

20/03/2019

17:20

1.473

Големина на фонт

а а а

Гокмен Танис, 37-годишниот Турчин кој изврши напад во трамвај во холандскиот град Утрехт, имал доста проблеми со законот, а консумирал и дрога.

Танис штотуку излегол од затвор поради силување, а набрзо потоа го изврши и нападот во трамвајот. Тој уби три лица, а уште неколкумина се борат за живот, додека полицијата се уште ги истражува неговите мотиви за нападот.

Неговите познаници за холандските медиуми го опишале како човек со дебело полициско досие, а негов сосед тврди дека тој полудел од хероин и имал исклучително ниска интелигенција. Сепак, други негови соседи тврдат дека Гокмен бил добар и пристоен човек.


Со оглед на тоа што тој не ги познавал жртвите од трамвајот, постои сомнение дека станува збор за тероризам. Гокмен Танис во понеделникот беше уапсен, а во неговиот стан било пронајдено и огнено оружје.

Неговите роднини од Турција изјавиле дека 37-годишниот напаѓач започнал да пука „од семејни причини“, иако од полицијата тврдат дека немало никаков однос ниту познавање на убиецот и неговите жртви.

Холандската јавност е посебно бесна затоа што Танис, пред две седмици бил пуштен од затвор, откако отслужувал казна поради силување. Тој бил уапсен во 2017-та година поради сексуално злоставување на 47-годишна жена. Тој бил пуштен од притвор, а откако ја прекршил условната казна, бил вратен зад решетки. Покрај тоа, Танис во 2014-та година бил осуден за илегално поседување на оружје и кражба, а бил ослободен од обвинението за обид за убиство.

Холандските медиуми откриваат дека некои роднини на Танис имале блиска врска со фундаменталистичките исламски групи, но и дека имал нестабилно однесување откако се развел пред две години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг