Трамп не се откажува од воената интервенција во Венецуела: Сите опции се на маса за Мадуро да биде срушен од власт!

Точка

20/03/2019

10:54

1.240

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп уште еднаш порача дека „сите опции се на маса“ за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да биде срушен од власт.

„Сите опции се на маса. Срамно е тоа што се случува во Венецуела – долгови, уништување и глад“, изјави американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, ова го порача во присуство на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кој ја поддржува американската кампања, односно вршењето на притисок врз Мадуро да се повлече од претседателската функција во Венецуела.


САД и повеќе од 50 други земји, вклучувајќи го и Бразил, пред неколку месеци го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Гуаидо самиот се прогласи за претседател, иако и натаму власта ја држи Николас Мадуро, кој нема намера да попушти.

За да го зголемат притисокот врз Николас Мадурдо, Американците воведоа економски санкции и беше воведено ембарго на нафта, клучниот производ на Венецуела, кое ќе стапи на сила на 28-ми април.


Исто така, на мета на санкции се најде и венецуеланската државна рударска компанија и нејзиниот претседател, а банките во најмоќните западни држави ги замрзнаа државните средства на Венецуела се додека од власт не биде срушен Мадуро.

Трамп најави дека во петок за ситуацијата во Венецуела ќе разговара со лидерите на Бахами, Света Лусија, Јамајка, Хаити и Доминиканска Република. Карипските држави повеќе години имаат корист од програмата која ја започна венецуеланскиот лидер Уго Чавез, затоа што добиваат нафта по поволни цени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг