Татко и син се првите погребани жртви по масакрот во Крајстчерч

Макфакс

20/03/2019

09:42

937

Големина на фонт

а а а

Таткото и синот, Калед Мустафа (44) и Хамза (16) денеска беа погребани како први жртви во терористичкиот напад во Крајстчерч.

Тие на Нов Зеланд дошле како бегалци, минатата година.

Според исламските обичаи, телата на покојните требале да бидат погребани што е можно порано по смртта, но во случајов чинот морал да биде одложен поради долготрајниот процес на идентификација.

Повеќе стотици луѓе се собраа на гробиштата во Крајстчерч. Калед Мустафа зад себе ги остави сопругата и другиот син, тинејџерот Заид кој истотака беше повреден во терористичкиот напад.

„Не би требало да стојам пред вас, требаше да лежам покрај вас“, рече Заид во говорот на погребот на неговиот татко и брат, јави „Франс прес“.

Како што пренесе „Би-би-си“, денеска се очекуваат повеќе погреби на жртвите од Крајстчерч.

Брентон Тарант во нападот врз двете џамии во Крајстчерч во петокот уби 50 лица, а повеќе од 30 беа повредени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг