Сем Смит изјавил дека не се идентификува како маж или жена

Точка

19/03/2019

19:11

2.502

Големина на фонт

а а а

Британскиот кантавтор Сем Смит, по пат на Инстаграм открил дека не се идентификува како маж или жена, пренесува “Sky News”.

Познатиот музичар од Лондон кој признал дека за првпат почувствувал хомосексуална склоност уште на 9 години, отворено зборувал во 30-минутната дискусија со Џамела Џамил во нејзината Инстаграм емисијата “I Weigh”. 


“Вие сте само вие. Вие сте мешавина од различни работи. Вие сте своја посебна креација. Така јас гледам на работите. Јас не сум машко ниту женско, мислам дека лебдам некаде измеѓу”, изјавил Смит во оваа прилика.

Сем исто така признал дека размислувал за промена на полот, но одлучил дека тоа не е нешто што тој навистина го сака. Пејачот освои Оскар за најдобра оригинална песна за филмот “Spectre” од 2016 година, а својата награда им ја посвети на ЛГБТ заедниците ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг