Ова се најскапите градови за живот на светот: Ќе ве изненади кој град е на прво место!

Точка

19/03/2019

15:24

3.734

Големина на фонт

а а а

Најскапите градови на светот се Париз, Хонг Конг и Сингапур, кои на листата на списанието "The Economist" го делат првото место.

Според трошоците за живот во 133 градови ширум светот, овие три градови ја делат првата позиција, што е прв пат во 30 години долгата историја на спроведувањето на ова истражување. 

Во истражувањето се споредуваат цените на секојдневните намирници, како леб, а потоа се следи дали цените растеле или опѓале и се споредуваат со трошоците на живот во Њујорк, што се користи како референтна вредност.

Париз од 2003-та година е меѓу 10-те најскапи градови и "екстремно е скап" за живот, наведува авторот на извештајот.

Просечната цена на женска фризура, на пример, во Париз чини 119,04 долари, во споредба со 73,97 во Цирих и 53,46 долари во јапонскиот град Осака.

"Европските градови имаат најголеми трошоци за домаќинство, лична нега, рекреација и забава, а Париз во овие категории е добар претставник", наведува авторот.

Зад Сингапур, Париз и Хонг Конг се Цирих, Женева, Сеул, Копенхаген, Осака, Сеул, Њујорк, Тел Авив и Лос Анџелес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг