Со Јакимовски осомничени уште 8 службеници за злоупотреба

Макфакс

19/03/2019

11:38

2.366

Големина на фонт

а а а

Истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал е за злоупотреба на службената положба и овластување е против поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и двајца негови соработници, раководители на секторите за експропријација и урбанизам, кои беа уапсени утрово, дознава „Макфакс“.

Финансиската полиција била директно вклучена во истрагата на обвинителството. Освен Јакимовски, на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд се донесени уште шестмина бизнисмени од градежниот сектор.

Според првичните неофицијални информации, вкупно девет се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба, а поранешниот градоначалник Јакимовски и двајцата соработници, времени објекти на државно земјиште што не смееле да бидат легализирани, ги легализирале и ги продавале по најмногу пет евра за квадратен метар.

ОЈО побара притвор за овие тројца осомничени, а за шестмина бизнисмени кои се на распит во Кривичниот суд се побарани мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и да се јавуваат еднаш неделно во судот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг