Смолинг даде чудна изјава поврзана со Лео Меси и го насмеа фудбалскиот свет

Дерби

19/03/2019

10:29

1.726

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг во едно ТВ интервју успеа да ја насмее целата спортска јавност со коментар поврзан за играчот на Барселона, Лионел Меси.

Крис Смолинг во моментов ужива во неколкуте дена одмор откако не доби повик во репрезентацијата на Англија, па слободните денови ги користи максимално за што подобро да биде подготвен за предизвикот во Лигата на шампионите наречен Барселона.

Стоперот на Манчестер Јунајтед истакна дека Меси има слабост која ја знае само тој и потенцираше дека светот не е свесен за истата, па затоа нема да ја открие во јавноста.

– Да, има една слабост кај Меси и само јас ја знам. Не мислам дека светот е свесен за тоа, па нема да зборувам за неа во овој момент, - заклучи Смолинг.