Илиевски: Заев е Ганди на овие простори, а Вучиќ ако толку го сака Груевски нека оди на кафе во Будимпешта

Точка

18/03/2019

10:23

3.642

Големина на фонт

а а а

Горан Илиевски, претседателот на Партијата на Македонците во Србија за време на гостувањето во централниот дневник на 1ТВ истакна дека и покрај постојаните прозивки од страна на Република Србија, Владата на Северна Македонија му подава рака на северниот сосед, не провоцира и води конкретна политика.

Според Илиевски, Заев е Ганди на Балканските простори со оглед на ирационалната надворешна политика која Република Србија ја води кон Северна Македонија.

Илиевски во интервјуто за 1ТВ рекол дека не ги знае вистинските причини зошто Вучиќ не ги коментирал настаните во нашата земја, но тоа е очигледно поради неговата блискост со екс премиерот Никола Груевски за што рекол: 

"Ако Вучиќ толку го сака Груевски, блиску му е Будимпешта, нека појде таму и нека се напијат кафе заедно".

Според Илиевски, тврдењата на Вучиќ за реализација на „македонско сценарио“ во Србија се класична демагогија и дезинформации.






Спонзорирани линкови

Маркетинг