Дани Себалјос со пофални зборови за Зинедин Зидан: Промената на тренерот очигледно…

Дерби

17/03/2019

11:11

3.155

Големина на фонт

а а а

Ако се суди по првиот натпревар, одлуката на Реал Мадрид да го врати Зинедин Зидан изгледа сосема правилна.

Таквата одлука на раководството ја поддржа и играчот од средниот ред на „кралевите“, Дани Себалјос кој одигра 30тина минути во победата против Селта Виго (2:0).

– Промената на тренерот очигледно донесе резултат. Го вративме амбиентот во тимот и ги добивме трите бодови кои ги посакувавме. Имаме јасна цел пред нас, да ги добиеме сите натпревари до крајот и да завршиме што е можно повисоко на табелата.

– Иско и Бејл одиграа одлично. Тие се двајца клучни играчи и ќе бидат многу важни за нас, -коментираше Себалјос кој потоа се осврна на неговите шанси за настап кај Зинедин Зидан.

– Мора да ја почитуваш одлуката на тренерот и да останеш фокусиран. Кога влегов во игра, тој ми кажа да играм и да уживам во играта. Ми даде самодоверба кога ме внесе во игра како прва промена кога се уште беше 1:0, -заврши Себалјос.