Во рускиот град Волоград се случи страшна несреќа кога автомобил, со голема брзина влета на автобуска станица и фрли во воздух девојка која чекала таму.
Како што пренесуваат руските медиуми, зад воланот била 23 годишна студентка.
"Таа заспала зад воланот", објави полицијата.
На ужасната снимка се гледа како автомобилот влета на станицата и удира во девојката, која неколку пати се вртела во воздух пред да падне на земја.
Случајни минувачи веднаш истрчале кон девојчето за да му помогнат, а таа со повреди во главата била пренесена во болница.