Дукоски: Пресудата за Чавков не е изненадување, ќе се жалиме во Стразбур

Макфакс

15/03/2019

16:46

2.020

Големина на фонт

а а а

Погодив дека ќе биде голема казната, сите мои предвидувања беа потврдени. Чавков беше однесен во притвор со незаконита одлука, тоа укажуваше на драконска казна, која денеска ја доби.

Две години помалку од законскиот максимум, тоа го знаеме уште од почетокот на овој процес и не е изненадување ниту за мене ниту за обвинетиот, рече Сашо Дукоски, адвокатот на ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков.

Дукоски исто така истакна дека пресудата не е производ на утврдена фактичка состојба и дека таа ќе биде обжалената во судот во Стразбур.

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, доби највисока казна затвор од 18 години за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година под обвинение дека не презел никакви мерки за заштита на Собранието, пратениците и новинарите на крвавиот четврток.