Клоп: Може да се напише книга за Ван Дајк…

Дерби

14/03/2019

19:11

1.528

Големина на фонт

а а а

Ливерпул го освои Минхен и обезбеди место мечу осумте најдобри во Лигата на шампионите. Премиерлигашот славеше над Баерн со 3-1 во меч во кој два погодоци даде Садио Мане, но тренерот Јирген Клоп издвои еден друг игра-тоа е стоперот Вирџил Ван Дајк кој беше стрелец на погодокот за 2-1, плус воедно запиша асистенција зад неговоро име.

-Можете да напишене книга за неговите вештини, неговата сила, колку го сакам, тој е прекрасна личност. Тој е млад, но веќе зрел, силен, многу добар, -порача Клоп.

Интересен статус за Холанѓенецот имаше пак сопственикот на Ливерпул, Џон Хенри.

-75 пронцети е покриена со вода, останатите 25 од Ван Дајк, -порача Хенри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг