Оваа сезона Реал Мадрид играше далеку под очекувањата, а откако беше отпуштен Лопетеги, на „Кралевите“ не им тргна ниту под водство на Сантијаго Солари.
Мурињо во меѓувреме доби отказ од Манчестер Јунајтед, па се појавија гласини дека Португалецот би можел да се врати на клупата на Реал Мадрид. Сепак, на крајот во Реал се врати Зинедин Зидан, а Мурињо смета дека тоа е одличен расплет и за Зидан и за Реал Мадрид.
„Мислам дека неговото враќање е перфектна работа за клубот, затоа што тој претходно вршеше фантастична работа“, изјави Мурињо и додаде:
„Тоа е перфектен расплет, за Мадрид и за него. Ќе има голема шанса да покаже колку е добар, посебно во создавањето на новиот проект. Јас лично сметам дека е голем тренер“, изјави Мурињо.