Жорди Алба за враќањето на Зидан во Реал: За мене не е нормално тоа што…

Дерби

14/03/2019

13:16

2.174

Големина на фонт

а а а

Жорди Алба традиционално важи за еден од играчите на Барселона кои чувствуваат најголема омраза кон Реал Мадрид, а левиот бек на каталонскиот гигант не се срами да го признае ова при секое јавно обраќање кога ќе добие прашање на комплексната тема.

Барселона изминатава вечер го победи Лион со 5:1 и остана единствениот шпански претставник во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а Жорди Алба по мечот го коментираше триумфот на својот тим, но по барање на новинарите го искажа и своето гледиште за последните случувања во лутиот ривал.

– Секогаш сум го велел тоа, ако се прашувам јас, не сакам Реал да победи на било кој натпревар. Се додека Реал губи, тоа е најдобро за мене. Тоа е чувство кое го имам од мал и чувство со кое израснав. Реал Мадрид испадна од Лигата на шампионите и тоа беше сосема заслужено. Ајакс беше подобар на двата натпрвари и заслужи да се пласира во четвртфиналето, – истакна Жорди Алба кој во продолжение го искоментира и враќањето на Зидан.

– Искрено, бев навистина изненаден за враќањето на Зидан во Мадрид. Не сакам да лажам, за мене не е нормално да се врати еден тренер кој пред само девет месеци си замина сам, – додаде дефанзивецот со доза на иронија.