Силјановска: Образовани луѓе возат такси, владее див запад

Макфакс

13/03/2019

15:56

1.681

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, денеска го посети пазарот во општина Ѓорче Петров и оствари средби со граѓаните и таксистите.

„Имаме најобразовани таксисти во Европа, луѓе со кариери и образование, кои маката ги натерала да го вадат лебот со оваа работа. Систем нема, владее див запад. Она што им го кажувам на сите, им го повторив и ним: без правична и социјална држава, никој не може да зборува за политички успеси и евроинтеграции“, појасни Силјановска-Давкова.

Таа заклучи дека Европа почнува од дома, од и за вредни луѓе од земјата.

„Нам ни треба Македонија, која ќе биде еднаква и правична кон сите, а која ќе покажува посебна почит кон оние што на потежок начин доаѓаат до приходи, со сопствен труд и пот“, рече Силјановска.