Зидан е единаесеттиот тренер кој добива втора шанса во Реал

Дерби

12/03/2019

20:30

2.388

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден помалку и изненадувачки Зинедин Зидан се врати на кормилото на Реал Мадрид и тоа по неполна една година со оглед на тоа што го напушти клубот по крајот на минатата сезона.

Ова секако ќе биде нова можност за Зизу да направи нов „бум“ и да го зациментира своето место во историјата на „кралевите“. Со ова назначување Зидан влегува во одбрано друштво, односно тој е 11 тренер кој добил втората шанса, односно се вратил повторно да го води гигантот од Мадрид.

Претходно ваква можност имале следниве имиња:

-Хасинто Кинкосес

-Балтасар Албенис

-Мигуел Муњоз

-Луис Моловни

-Афредо Ди Стефано

-Лео Бенхакер

-Висенте Дел Боске

-Џон Тошак

-Хосе Антонио Камачо и

-Фабио Капело