Доминација на Икер: Касиљас со најоригинален коментар го проследи враќањето на Зидан во Реал

Дерби

12/03/2019

12:14

2.806

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан вчеравечер беше официјално претставен на „Сантијаго Бернабеу“ како нов тренер на Реал Мадрид, а тоа секако стана топ тема во светската спортска јавност која веќе неколку дена наназад се занимаваше со имиња кои би можеле да го наследат Сантијаго Солари.

На крајот, конечниот избор на Флорентино Перез беше Зинедин Зидан, човекот кој му го донесе на Реал еден од најголемите успеси во историјата на клубот со трите последователни титули во Лигата на шампионите. Сите фанови на се уште актуелниот европски шампион со голем ентузијазам и оптимизам ја дочекаа оваа вест, а истото важи и за Икер Касиљас кој со уникатен и најоригинален коментар го опиша враќањето на Зизу.

– Целиот мој живот мислев дека ВРАЌАЊЕ ВО ИДНИНАТА 2 е најдобриот втор дел од една приказна во светот, но не, сум мислел погрешно!! Најдобриот втор дел е враќањето на Зидан во Реал Мадрид!! Со среќа!!, – гласи пораката на Икер.