Флорентино Перез успеа да си ја оствари целта и го врати Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, потпирајќи се на проверена карта откако претходно во период од само неколку месеци лесно се откажа од двајцата негови наследници кои ни одблиску не успеаја да ги повторат позитивните резултати.
Најпрво Хулен Лопетеги, а потоа и Сантијаго Солари ја минаа таканаречената „машина“ од сменети тренери во шпанската престолнина, па со цел да ја ресетира цела непријатна атмосфера и да ги остави зад себе ужасните 10-тина дена, Перез одлучи да се врати на сигурната варијанта.
Зизу без преголемо двоумење го прифати повикот од претседателот, а самиот претседател по крајот на прес-конференцијата која се одржа на „Бернабеу“ даде една интересна изјава поврзана за Килијан Мбапе.
– Зизу е Французин, со Мбапе може ќе направи нешто…. Во овој момент најважно е да се заврши добро актуелната сезона и да се подготвиме за наредната, – истакна Перез.