Пендаровски во Битола: Tргнавме кон ЕУ и НАТО, враќање назад нема

Макфакс

10/03/2019

17:43

2.267

Големина на фонт

а а а

Кандитатот за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска беше помеѓу граѓаните на Битола. Тој разговараше со граѓаните за напредокот, за иднината, за придобивките од членството во НАТО, што значи тоа за економијата, за безбедноста, за секојдневниот живот.

Во духот на денешниот ден, Пендаровски порача дека на нашето општество потребно му е помирување, со што би се ставило крај на бројните поделби по етнички, верски национални и политички основи.

Пендаровски истакна дека државата, по цела деценија порази и уназадувања, конечно тргна напред кон интеграција во ЕУ и НАТО и не смее да застане, туку да продолжи напред кон развој и напредок.

,,По една деценија порази, изолација и уназадување, државата тргна напред. Не смее да застанеме сега. Овој замав мора да го искористиме. Ќе успееме бидејќи сме различни, но со исти цели, заедно. Заедно да ја градиме нашата земја како едно општество за сите, обединета и силна, како држава партнер на регионот и демократскиот свет”, е пораката на Пендаровски.

На средбите со младите беше разговарано околу преспективите и придобивките што за нив се отвораат со членството во НАТО и отварањето на првите поглавја во преговорите со ЕУ, при што заеднички беше заклучено дека токму интеграцијата во двата сојузи може да стави крај на иселувањето на младите од Битола и да ги отвори перспективите.

Граѓаните на Пендаровски му ги пренесоа очекувањата, бараат вистински претседател кој ќе обединува и сплотува, ќе работи во нивен интерес и ќе ја води државата кон ЕУ и НАТО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг