Заев и Мицкоски вечерва на лидерска средба

Макфакс

10/03/2019

11:28

905

Големина на фонт

а а а

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски денеска ќе се сретнат и ќе разговараат за претстојните избори за претседател на државата.

Реформските закони и датумот за преговори во Европската Унија ќе бидат исто така тема на лидерската средба што ќе почне во 20 часот во Владата.

Двајцата ќе дискутираат по овие прашања, кои според Заев се приоритетни и за нив треба да има заедничка одговорност на двете најголеми политички партии.

„Оваа средба не е од формат за кои е потребно присуството на сите лидери од сите политички партии. Важно е да зборуваме за интеграциските процеси и да направиме се што можеме во јули да го добиеме датумот за преговори. За ова ќе разговарам со лидерот на опозицијата затоа што верувам во заедничките одговорности“, најави вчера Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг