Кирацовски смета дека Пендаровски е следен од одредени служби, а тоа ја вознемири Силјановска

Макфакс

07/03/2019

16:24

1.301

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, смета дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски е следен од одредени служби. Ова следува откако Пендаровски изјави дека 24 часа го следи тајна разузнавачка служба за која се сомнева дека е блиска со опозициска партија.

„Штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции, алудира за следење од одредени служби од опозицијата, евидентно е дека истите постојат. Тука МВР презеде иницијатива истите да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Противкандидатката на Пендаровски, професорката Гордана Силјановска-Давкова, пак, прашува што да очекува таа доколку тој е небезбеден, иако одраснал во безбедносните служби.

„Вознемирена сум од сомнежот на противкандидатот за претседател на Македонија, Пендаровски, дека е следен од безбедносните служби на некоја странска држава. Се прашувам, ако некој што речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели, се чувствува небезбеден, што да очекуваме ние, останатите противкандидати“, вели Силјановска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг