Бомбите на СЈО нема да бидат доказ во истрагите за Ахмети, Османи, Ставрески, Милошоски, Луковски

Макфакс

05/03/2019

16:20

3.719

Големина на фонт

а а а

Новиот Закон за јавното обвинителство, со кој се регулира статусот на СЈО, кој помина на владина седница, во перодните и завршните одредби предвидува дека бомбите ќе важат само за предметите за кои СЈО заклучно со 20 јуни 2017 година. Tоа значи дека за сите отворени истраги по тој рок, бомбите нема да бидат доказ во судските постапки.

Членот 105 од Законот за Јавното обвинителство пропишува: „Материјалите од незаконското следење на комуникациите специјалното јавно обвинителство може да ги обработува најдоцна до 15.09.2020 година и истите може да се користат како доказ само во предметите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година“.

На пример, во истрагата во која е осомничен лидерот на ДУИ, Али Ахмети, a беше отворена на 21 март 2018 година, т.е. по рокот за поднесување обвиненија, а се однесува на пропаднатиот попис, бомбите нема да бидат доказ во судската постапка. Бомбите нема да бидат доказ ниту во истрагата „Пациент“, каде што осомничен е вицепремиерот Бујар Османи, како и во сите истраги отворени по поднесувањето на обвиненијата.

Без бомбите како доказ би се одвивала натаму истрагата за ексминистерот за финансии, Зоран Ставрески, под кодно име „Подарок“, како и за ексизвршниот директор на „Т-мобиле“, Жарко Луковски, во истрагата „Базни станици“. Во истрагата „Хармонија“, каде помеѓу осомничените е Стевчо Јакимовски и „Моќник“, каде што осомничен е пратеникот Антонијо Милошоски бомбите, според ова законско решение, нема да бидат доказ во постапката. СЈО ќе мора вината на осомничените да ја докажува со други материјални докази, сведоци и вештачења.

Предлог-законот предвидува дека прислушуваните материјали кои не се предадени во судовите ќе се чуваат во СЈО една година по сите правосилно завршени судски постапки. За изгласување на законот во Собранието потребна е поддршка од 80 пратеници. Предистрагите на СЈО ќе ги водат обвинителствата во зависност од надлежноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг