Зеќири: Не го навредив Џафери, нека не ја префрла одговорноста

Макфакс

25/02/2019

16:29

1.777

Големина на фонт

а а а

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири, ги отфрла обвинувањата дека тој е виновен што не се гласало за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Тврди дека не упатил навреди кон Џафери.

„Побарав да го прочита заклучокот за да гласаме пред полноќ“, рече Зеќири.

Додаде дека немало ситуација што предизвикала потреба од прекинување на седницата.

„Тој е искусен пратеник, знае да раководи и со потензични седници“, рече Зеќири за Џафери и додаде дека одговорноста не треба да ја префрла на други.

Дали Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, праша Зеќири, а во врска со идејата за поднесување интерпелација за собранискиот спикер рече дека дополнително ќе одлучуваат во пратеничката група.

Тој претходно преку „Фејсбук“ побара одговор зошто Џафери и ДУИ го спасиле Вељаноски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг