Џафери: Ја прекинав седницата поради однесувањето на Зекири и зошто помина полноќ

Макфакс

25/02/2019

14:21

2.453

Големина на фонт

а а а

Седницата е прекината зашто помина полноќ и поради однесувањето на пратениците, особено поради однесувањето на Мухамед Зекири. Џафери негира дека го спасил Вељаноски, тој појасни дека сега со вчерашните случувања нема правни дејства, т.е. останува имунитетот, а процедурите во судска постапка продолжуваат.

„Секому му е јасно дека Џафери е личност што нема да го води Собранието под диктат, туку според Уставот“, рече Џафери.

„Секој што има дилема за процедурите, има соодветна можност да провери, додека сум претседател, никој не може да го узурпира и да ја попречи рабоата на Собранието. Тие што се повикуваат на мене, поради свои пропусти во одлуките, нека се преиспитаат“, рече Џафери.

Тој нагласи дека комисијата не поднела предлог-заклучок и како такво Собранието немало предмет на одлучување.

Никој нема право да прогласи некого за виновен надвор од постапките, тоа значи мешање во друга власт. Немам намера да се правдам преку прес-конференции, сè има во архивата и документите. За имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски, вели дека седницата била прекината поради немање кворум и рокот изминал и за таа седница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг