Богоевски: Џафери направи будали од нас

Макфакс

25/02/2019

13:39

1.304

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Павле Богоевски го обвини Талат Џафери дека го злоупотребил Собранието за да го заштити Трајко Вељановски од притвор.

„Нашиот глас за Талат Џафери на 27 ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка. Вчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас. Денес низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат. Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет“, пишува Богоевски.

Тензичната собраниска седница, на чиј дневен ред беше само точката за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, која почна малку по 21 часот, беше прекината од претседателот на Собранието, Талат Џафери, неколку минути по полноќ.

Претходно, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања по долга расправа со 4 гласа „за“ и 4 „против“ не донесе одлука по барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски. Експретседателот на Собранието заедно со поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристевски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, е осомничен за организирање на крвавиот четврток.



Спонзорирани линкови

Маркетинг